Курти: На Косово му се заканува хуманитарна катастрофа

Макфакс

10/08/2020

20:21

1.642

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Движењето Самоопределување, Албин Курти, испрати писмо до амбасадорите во Косово во кое бара помош по повод епидемијата на Ковид-19. Потсетувајќи дека неколку пати ги искажал своите ставови за пандемијата пред членовите на дипломатските мисии, Курти предупреди дека Косово се соочува со хуманитарна катастрофа, пренесува „Косово онлајн“.

„Во име на граѓаните на Косово, јавно ве повикувам вас и вашата земја да ги обезбедите здравствените установи во Косово со потребната медицинска опрема и со човечки ресурси за да се овозможи превенција на здравствената криза да не се претвори во хуманитарна катастрофа“, напиша Курти на Фејсбук.





Спонзорирани линкови

Маркетинг