Грција воведе нови мерки за туристите

Точка

10/08/2020

19:58

3.451

Големина на фонт

а а а

Посетителите кои во Грција доаѓаат од Шведска, Белгија, Шпанија, Холандија и Чешка - ќе мора да приложат доказ дека се негативни на коронавирусот.

Одлуката е донесена по неодамнешното зголемување на бројот на случаи со коронавирус во земјата и ќе стапи на сила од 17-ти август. 

Тестот не може да биде постар од 72 часа пред влегувањето во земјата, пренесува "Reuters".

Во Грција вчера бил регистриран најголем број на заразени од "Ковид-19" од почетокот на пандемијата, дури 203. Сега вкупниот број на заразени изнесува 5.623.

Грчката влада соопштила дека ќе го бара истото од сите посетители кои влегуваат во Грција преку нејзините копнени граници, вклучувајќи ги и грчките државјани кои се враќаат дома.

Владата забранила јавни собори, вклучувајќи и шоу програми и концерти каде публиката не седи.

Таа соопштила дека и рестораните и баровите на Крит, во Солун, на Халкидики, Миконос, Парос, Санторини, Антипарос, Закинтос и Косу, не може да работат меѓу полноќ и 7 часот наутро.



Спонзорирани линкови

Маркетинг