Твитер призна нов безбедносен пропуст

Точка

10/08/2020

16:49

1.089

Големина на фонт

а а а

Само неколку седмици откако претрпеа сериозен хакерски напад, од Твитер објавија уште една загрижувачка вест.

Имено, една од најголемите социјални мрежи на светот објави дека постои безбедносен пропуст кој потенцијално би можел да ги изложи приватните податоци на некои од корисниците на Андроид.

Поточно, трети апликации би можеле преку апликацијата на Твитер да ги заобиколат безбедносните правила на Андроид и да ги видат приватните пораки кои корисниците ги разменувале со другите корисници на оваа социјална мрежа.

Исто така, од Твитер појаснија дека засега немаат докази дека до тоа навистина дошло.


Безбедносниот пропуст веќе е решен кај корисниците кои користа Андроид верзија 8 и 9 што би значело дека се заштитени 96% од корисниците. Останатите 4% би требало што е можно поскоро да ја ажурираат апликацијата на своите паметни телефони.

Овие корисници ќе бидат посебно информирани и ќе добијат инструкции за чекорите кои треба да ги преземат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг