Холивудската актерка ги покажа последиците од Ковид-19: „Погледнете што ѝ прави вирусот на вашата коса!“

Точка

10/08/2020

16:27

7.753

Големина на фонт

а а а

Холивудската актерка Алиша Милано, на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм поставила видео во кое што ги покажала последиците од коронавирусот.

Имено, Алиша се снимила и покажала колку коса губи во текот на едно нејзино чешлање.

„Да ви покажам што ѝ прави Ковид-19 на вашата коса. Ве молам, сфатете го сериозно вирусот и носете заштитна маска“ - напишала таа под видеото кое што има над 800 илјади прегледи.

Алиша кон крајот на минатата седмица објавила дека е заразена со Ковид-19 и дека со таа болест се бори веќе 4 месеци.

„Мислев дека умирам. Никогаш не сум била толку многу болна. Имав чувствуво како слон да ми седи на градите“ - појаснила актерката под фотографијата на која што е приклучена на апарат за дишење.




Спонзорирани линкови

Маркетинг