Потребни ви се само 2 состојки – префин чоколаден колач готов за 60 секунди

Точка

10/08/2020

15:47

3.607

Големина на фонт

а а а

Содржината на смесата можете да ја зголемите и да ја испечете во калап за мафини, но за тоа ќе ви биде потребно повеќе време.

По социјалните мрежи веќе подолго време се шири рецепт за подготовка на чоколаден колач со Орео кој што е готов за една минута.

Доколку не сте највешти во правењето колачи, тогаш ова е совршен рецепт за вас.

За подготовка потребни ви се само популарните колачи, малку млеко и микробранова печка.

Содржината од смесата може да ја зголемите и да ја печете во калап за мафини, но за тоа ќе ви биде потребно повеќе време.

Состојки за еден човек

- 4 Орео бисквити и
- 3 лажици млеко 


Подготовка

1. Здробете ги бисквитите на поситни парчиња, па помешајте ги со млекото во шолjа.
2. Шолјата ставете ја во микробранова печка на една минута.
3. Извадете го колачот од микробранова печка и уживајте. Колачот може да го украсите со рендано чоколадо и овошје по желба.

Добар апетит!

Како овој едноставен колач се подготвува, погледнете и во видеото од Јутјуб:



Спонзорирани линкови

Маркетинг