Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер даде свој став за голманската позиција во клубот.
Норвежанецот ќе биде на слатки маки за следната сезона затоа што во клубот се враќа и Дин Хендерсон кој имаше фантастична сезона во клубот, а тука е и Серхио Ромеро кој е резервна опција на Давид Де Хеа.
Солскјер е свесен дека ќе биде практично невозможно да се задржат тројцата голмани во тимот, па посочи дека во следниот период ќе бие пронајдено решение за оваа позиција.
– Конкуренцијата на позициите е важна и ние сакаме да ја имаме. Ги имаме Дин, Серхио и Давид во овој момент. Ли е фантастичен професионалец и е резерва за сите нив.
– Очигледно ќе биде тешко да се задржат тројцата во клубот, ќе видиме во следниот период што ќе сториме – изјави Солскјер.
Давид Де Хеа во моментов е прв избор на голманската позиција, но многумина сметаат дека Шпанецот треба да седне на клупата и него да го замени Дин Хендерсон кој имаше супер сезона во дресот на Шефилд Јунајтед.