Модриќ, Родригез, Бејл и Јовиќ на листата за трансфер

Макфакс

10/08/2020

14:23

1.958

Големина на фонт

а а а

Обично добро информираната шпанска „Марка“ тврди дека Зинедин Зидан и Реал Мадрид подготвиле листа на фудбалери кои ќе бидат продадени во летниот преоден рок, и на неа се големи имиња како Лука Модриќ, Хамес Родригез, Герет Бејл и Лука Јовиќ.

Бејл, секако, одамна не е во плановите на Зидан и тој ќе биде најтешко да се продаде поради годишната плата од над 33 милиони евра, а Родригез не успеа да добие место во стартниот тим по враќањето од позајмицата од Реал Мадрид. Ако името на Лука Јовиќ, кој ги налути неколку пати шефовите на „кралевите“ не е изненадување, малку повеќе изненадува името на минатогодишниот освојувач на златната топка, Лука Модриќ.

Модриќ продолжи да биде постојан првотимец оваа сезона, со 40 настапи во сите натпреварувања, но бидејќи веќе има 34 години, „кралевите“ тука гледаат кон иднината.

Со продажба на фудбалерите ќе се финансирале планираните засилувања, слично како што лани ги продадоа Маркос Љоренте, Матео Ковачиќ и Кејлор Навас за да го финансираат трансферот на Еден Азар од Челси.



Спонзорирани линкови

Маркетинг