Куќа со големина од 40 метри квадратни како да стои "во дупка" насред автопат со четири ленти.
Сопственичката не сака да се пресели бидејќи државата не ѝ понудила адекватна локација.
"Знам кои се последиците и не ми пречи што мислат другите за мене. Мислите дека ова окружение е лошо, но јас чувствувам дека е тивко и комфорно", тврди сопственичката.
Од кинеската влада наводно барала четири станови, а тие прифатиле да и дадат два.
Ѝ нуделе и заменско сместување во близина на градската мртовечница, што било уште една причина зошто не се преселила.
Властите уште во 2010-та година ѝ ја оградиле куќата за да ја урнат и да изградат мост. Меѓутоа, госпоѓа Лианг е единствата од 47 домаќинства и седум компании која и натаму живее таму.
Властите тврдат дека ѝ нуделе и пари, но дека одбила се што и било понудено.
Тогаш инженерите направиле нов мост, која ја заобиколува куќата.
Државата продолжува да преговара со госпоѓа Лианг, која не се откажува од своите барања.