Еве како точно изгледа еден од честите знаци кој укажува дека имате Ковид-19: Некогаш може да биде единствениот симптом

Точка

10/08/2020

14:46

5.349

Големина на фонт

а а а

Докторите предупредуваат дека луѓето треба да знаат како изгледа осипот кој што се појавува во случај на коронавирус.

Сите знаеме дека основните симптоми на коронавирусот се температура, континуирана кашлица, како и губење на сетилото за мирис и вкус.

Меѓутоа, би можеле да бидете во опасност од коронавирусот и доколку го развиете и овој необичен симптом на вашата кожа.

Еден од необичните симптоми кои што укажува на коронавирусот е осип на вашата кожа, кој што вообичаено се појавува во вид на црвени дамки кои што чешаат, се наведува во апликацијата „Covid Symptom Study“.


Точките можат да бидат и благо проширени и најверојатно можат да се задржат до неколку седмици.

Иако осипот може да го погоди било кој дел од вашето тело, најверојатно е дека ќе се развие на лактите и колената.

„Треба да ги сметате за клучна дијагностика и знак за болеста кој што дури може да се појави и кога немате некои други симптоми.

Откриено е дека кај 8.8 отсто од луѓето кои што имале позитивен тест, осипот им бил еден од симптомите на болеста“ - истакнала д-р Вероника Батил од Кингс колеџот во Лондон.




Спонзорирани линкови

Маркетинг