Јунајтед го пропушти крајниот рок за Санчо, сега се фокусира на Даглас Коста

Макфакс

10/08/2020

13:55

1.562

Големина на фонт

а а а

Манчестер јунајтед е заинтересиран да го добије крилото на Јувентус, Даглас Коста, откако го пропушти крајниот рок што го постави Борусија Дортмунд за трансферот на Џејдон Санчо, тврдат англиските и италијанските медиуми.

Дортмунд му постави на Јунајтед краен рок до денеска да плати 120 милиони евра и да го добие младиот Англичанец и германскиот клуб замина на тренинг-камп во Швајцарија со Санчо во тимот.

„Ѓаволите“ не сакаа да ја платат оваа сума и не го убедија Дортмунд да ја намали цената и според „Тутоспорт“, веќе имало контакти со Јувентус за трансферот на Бразилецот Даглас Коста, кој не се наигра под Маврицио Сари стартувајќи само во шест меча во Серија А.

По именувањето на Андреа Пирло како тренер, се очекува да има чистка меѓу фудбалерите на „старата дама“ и Јунајтед е фаворит за потписот на 29-годишниот Коста. Бразилецот дојде во Јувентус од Баерн Минхен во 2017 првично на заем, а потоа со постојан договор вреден 35 милиони евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг