Министерот Нухиу го потпиша актот за двојазични натписи на полициските униформи

Макфакс

10/08/2020

13:07

2.174

Големина на фонт

а а а

Држејќи двојазична плакета, министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, соопшти дека ги потпишал актите, со кои полициските униформи ќе добијат двојни натписи, на македонски и на албански јазик. Потпишувањето на овие акти доаѓа две недели откако Нухиу ја презеде функцијата минитер од неговиот претходник Наќе Чулев.

„Ги потпишавме нормативните акти за амблемите на полициските униформи да бидат и на албански јазик. На сообраќајната полиција, граничната полиција, хелихоптерската единица за полициски должности, специјалната работна сила“, пишува Нухиу на социјалните мрежи.

Двојазичните униформи на полицијата, пожарникарството и здравството во Скопје и општините во кои живеат 20 отсто од Албанците е предвидено со Законот за јазиците, кој пред две години беше изгласан во Собранието со 69 гласа „за“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг