Овој бул териер е најголемиот шопингхоличар кој некогаш сте го виделе

Точка

10/08/2020

12:45

3.347

Големина на фонт

а а а

Спарки е 4-годишен бул териер кој ужива во шопинг, но и во привлекување на внимание.

Имено, кога имал само 1 година, Спарки штом влегувал во продавница, легнувал на подот и барал од неговиот сопственик да го влече. 

“На почетокот мислевме дека го прави тоа бидејќи е мрзелив. Меѓутоа, утврдивме дека тој всушност ужива во вниманието кое му го придаваат случајните минувачи кога ќе го видат во таа положба бидејќи е навистина смешен. Тој исто така има израз на лицето како да се смее”, вели неговиот сопственик.

Спарки на Инстаграм има над 111 илјади следбеници, а видеата на кои “се лизга на шопинг” се помеѓу најгледаните.

“Најмногу му се радуваат децата кога ќе го видат во таа положба. Тоа ме прави среќен”, додал сопственикот на Спарки.




Спонзорирани линкови

Маркетинг