Иновативните и здрави производи се новиот тренд во прехрамбената индустрија

Точка

10/08/2020

11:59

1.514

Големина на фонт

а а а

Прехранбената индустрија се наоѓа среде мала, но значајна револуција предизвикана од неколку фактори. Во скоро сите сегменти се менуваат начините на производство, понудата, па дури и состојките, согласно со барањата на пазарот.

И понатаму, најголемиот тренд во секоја индустрија се иновациите, а префинетите и изострени вкусови на потрошувачите ги диктираат истите. Во последно време се забележува се’ поголема побарувачка за здрава храна која се консумира брзо и лесно, што е и очекувано, со оглед на зафатениот живот кој го води голем дел од популацијата.

Дури и пред овие тешки неколку месеци поминати во неизвесност поради пандемијата која го погоди целиот свет, преференците на потрошувачите се’ повеќе се фокусираа кон здрава храна, практичност, превентивна грижа за здравјето и најмногу од се’ – квалитет. Поради модерниот стил на живот на потрошувачите, од прехрамбените производи се бара тие да се квалитетни, здрави и по можност спакувани и подготвени за една (и брза) употреба, што одредени компании го препознаа како можност за диверзификација на производното портфолио.


Таков е примерот со Макпрогрес Виница, која како веќе докажан локален предводник во прехрамбената и кондиторската индустрија, направи одлучен чекор кон доближување на нивната понуда до потребите и барањата на потрошувачите. Од неодамна, понудата на нивниот бренд Vincinni е зголемена со житните барови Balance, кои претставуваат здрава и слатка алтернатива погодна за консумирање како мал оброк, ужина меѓу оброци или како вкусен десерт.Сопрактично пакување дозволуваат да бидат со вас секогаш и секаде – пикнати во џебот или во чантата, подготвени да му дадат нова доза енергија на вашето тело.

Balance житните барови се произведени од интегрален овес, пченка и ориз, а засега на пазарот се достапни во три вкуса: интегрални колачи со крем, чоколадо и сушено црвено овошје. Технологијата за нивно производство е развиена од тимот технолози на „Макпрогрес“, а оваа инвестиција отвори можност за нови 15 работни места, покрај кои се најавени уште 30 во следниот период.


Кога се работи за храна, компромис не доаѓа предвид бидејќи тоа директно влијае на вашето здравје, расположение и ниво на енергија. Купувањето на производи од проверени и докажани компании секогаш треба да биде приоритет, а одбирањето на производи направени од здрави и квалитетни состојки е главен фактор во одлуката за купување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг