Се појави нова шанса за пласман на Македонија на Мундијалот, Мексико ги откажа квалификациите

Дерби

10/08/2020

10:58

1.571

Големина на фонт

а а а

Квалификациите во Северна Америка и Карибите кои требаше да се одржат во Мексико и кои требаше да го дадат 31. учесник на ракометниот Мундијал во Египет се откажани.

Поради целокупната ситуација со коронавирусот Мексико го откажа турнирот на кој требаше да биде донесен претпоследниот учесник на Светското првенство.

Овој потег отвори нов момент во целата ситуација за тоа на кого ИХФ сега ќе го додели слободното место за Мундијалот.

Дали ќе се одлучи да додели на некоја од тамошните селекции по системот „вајлдкарта“ или пак ќе се реши за друго сценарио, па за турнирот ќе повика некоја европска селекција.

На второто сценарио се надеваме и ние затоа што секако дека би биле меѓу фаворитите за таа „вајлдкарта“ откако претходно испаднавме од трката затоа што ИХФ се реши да ги пополни празните места со Полска и Русија.

Празно е уште едно место за Мундијалот во Египет, но тоа ќе се пополни кога ќе се одиграат квалификациите во Ел Салвадор за Јужна Америка.

Дали ИХФ овојпат ќе пресуди во наша корист, и повторно ќе направи своевиден преседан, или ќе се реши за „вајлдкарта“ за некоја селекција од Северна Америка останува да видиме во следниот период.



Спонзорирани линкови

Маркетинг