Видео: Точка дознава - избегната страшна сообраќајка со 3 возила на патот Кадрифаково - Свети Николе

Точка

10/08/2020

12:00

3.682

Големина на фонт

а а а

Во петокот, на 07.08.2020, била избегната страшна сообраќајна несреќа на патот Кадрифаково - Свети Николе, дознава Точка.

Имено, до нашата редакција се обрати сведок на избегнатата несреќа, кога возачите во спротивна насока излегле надвор од патот за да не се судрат. Сепак, останува непознато дали шоферот и понатаму 'го послужила среќа', според информациите на сведокот.

„Пред неполн час на патот Кадрифаково - Свети Николе за неполни 15 минути за среќа беа избегнати 3 страшни сообраќајки. Велам за среќа бидејќи возачите во спротивна насока излегоа надвор од пат за да не се удрат. Дали среќата го послужила шоферот и наредниот период не знам. Она што го знам е дека и по пријава во полиција никој не се појави до моментот кога мојот пат и патот на совесниот шофер од приложените фотографии и видео - се разделија“, вели сведокот за Точка.

Возачот кој е виновен за оваа, замалку кобна несреќа, е со регистерска табличка SN-**52-AB (целата регистерска табличка ѝ е позната на редакцијата).

Веста ја пренесуваме со цел МВР соодветно да постапи во дадената ситуација, со оглед на тоа дека пред една недела неколку лица го загубија животот во слична (за жал тогаш неизбегната) сообраќајна несреќа.





Спонзорирани линкови

Маркетинг