Секој 22-ри пациент со Ковид-19 во Македонија умира , секој десетти тест е позитивен

Точка

08/08/2020

22:20

2.175

Големина на фонт

а а а

Двајца пациенти помалку починале во последните 7 дена во однос на претходните. Седумдневниот број на починати пациенти како последица од Корона вирусот во текот на летните месеци покажува дека најголема била смртноста во текот на јуни.

Само во последната недела од месецот починале вкупно 60 пациенти. И средината и почетокот на месецот имале лоша слика. Па така од 20 до 6 јуни починале вкупно 46 пациенти а претходните седум дена 51, анализира Сител.


Вкупно по месеци, во јуни и јули починале приближен број на пациенти. Претходниот месец се регистрирани 166 смртни случаи а во јуни 166. На стартот на корона кризата, во мај регистрирани се само 56 случаи кои починале од корона вирусот. Во август, заклучно со вчерашниот ден има регистрирано 33 смртни случаи.


Кога станува збор за бројот на дијагностицирани пациенти може да се забележи благ тренд на нивно намалување. Најмногу дијагностицирани пациенти како позитивни на КОВИД19 имало кон средината на јуни кога од 6 до 12 јуни статистиката избројала 1114 новодијагностицирани случаи позитивни на КОВИД19.

Во последната недела на јули и првата од август може да се забележи благ пад на бројките во однос на јулскиот просек а правата недела од август покажала најмала бројка на позитивни случаи од почетокот на летото.




Спонзорирани линкови

Маркетинг