Научници го процениле влијанието на коронавирусот врз здравјето на дијабетичарите

Точка

08/08/2020

21:15

2.512

Големина на фонт

а а а

Експерти откриле дека 6 пати е поверојатно дека на пациентите со коронавирус кои боледуваат од дијабетес, ќе им биде потребна хоспитализација.

Освен тоа, дијабетесот сам по себе претставува ризик фактор за тежок облик на Ковид-19.

Според истражувањето на научниците од Калифорнискиот универзитет во Сан Франциско, дијабетес мелитус може 12 пати да го зголеми ризикот од смрт на луѓе кои имаат Ковид-19, пренесува „Медикал експрес“.


Професот Пракаш Дидвани од Калифорнискиот универзитет потсетува дека дијабетесот ја намалува одбрамбената имунолошка функција на организмот и дека поради оваа болест можни се многу компликации, вклучувајќи болест на бубрезите, мозочен удар и инфаркт.

Научниците апелираат луѓето со висок шеќер во крвта да бидат постојано во контакт со лекар.

СЗО на 11-ти март прогласи пандемија на коронавирус. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг