Проверена модна комбинација: Во ваквиот аутфит ќе изгледате барем 5 килограми послабо

Точка

08/08/2020

19:29

3.434

Големина на фонт

а а а

Совршена модна комбинација за сите жени кои сакаат да ги прикријат недостатоците на телото.

Ако сте во потрага по стајлинг со кој ќе го прикриете вишокот килограми, а истовремено ќе изгледате модерно и елегантно, имаме совршено решение. 

Оливија Кулпо нѝ даде одличен предлог за еден токму таков стајлинг.


Во случај кога сакате да ги прикриете недостатоците, одберете панталони со висок струк. Тие одлично му прилегаат секому, а совршено ги маскираат широките колкови и салото на стомакот.

Доколку, како неа, одберете класична бела маица и сако во истата боја како панталоните, фигурата ќе ви изгледа повитка. Со оваа комбинација одлично се вклопуваат сандали на врзување. Тие на целиот стајлинг му даваат доза на опуштеност, а вие ќе изгледате како вистинска трендсетерка.


Кафеавата чанта и златните детали го надополниле стајлингот на Кулпо на вистинскиот начин.

Нема да погрешите ни со окер нијанса – таа одлично одговара на секој тон на кожата, па така добро ќе ви прилега без разлика дали сте бринета, русокоса или црнка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг