Исповед на Русинка од Бејрут: Слушнав експлозија! Бев крвава, но поважно ми беше да ја заштитам ќерка ми

Точка

08/08/2020

15:08

2.039

Големина на фонт

а а а

Људмила Аун, Русинка која ја преживеала трагедијата во Бејрут, ги раскажала своите доживувања тој ден, велејќи дека веднаш по експлозијата морала да го спасува детето и дека немала време да мисли на своите повреди и урнатините на улиците.

Русинката, која живее во Бејрут, Људмила Аун, за порталот "Ѕвезда" раскажала што се случувало во главниот град на Либан по експлозијата на 4-ти август. Првобитно видела голем облак од чад, а потоа слушнала и силна експлозија. 

"Видов бел бран од чад кој се приближуваше, успеав да побегнам во собата, но од силната експлозија се скршија прозорците, а парчиња стакло паѓаа на мојот грб. Мојата ќерка во тој момент се наоѓаше во бањата, вратата ја удри во челото и сега има рана", вели Људмила.

Нејзините соседи немале толку среќа, некои загинале, а некои се тешко повредени. Експлозијата ги уништила сите врати и прозорци во станот. Људмила во тие моменти размислувала само за ќерката.

"Кога истрча од бањата, тргнавме по скалите, и беше потребна помош од лекарите, бидејќи целото лице и беше исечено. Сите соседи беа крвави, трчаа, а ние две се обидувавме да се пробиеме низ слоевите од стакло до најблиската болница", вели оваа жена.

Најблиската болница исто така била погодена од експлозијата, но и следната до која успеале да дојдат. Помош добиле дури во трета болница.

"Бев сосема крвава, но тоа го сфатив во болница, ми беше важно да ја заштитам мојата ќерка. Во болницата ми ја соблекоа облеката, ми го прегледаа грбот и ме пратија на рендген. Им кажав дека нема потреба од рендген, само да го спречат крварењето. Откако се погрижија за мојата ќерка веднаш заминавме", раскажува Људмила.

Таа рекла дека не сакала да зема место во болницата за оние кои биле потешко повредени.

Потсетуваме, во Бејрут на 4-ти август се случила силна експлозија, настрадале голем број на луѓе како и самиот град.




Спонзорирани линкови

Маркетинг