Екс-напаѓач на Јунајтед доаѓа во Црвена Звезда за 2 милиони евра

Макфакс

08/08/2020

13:39

1.302

Големина на фонт

а а а

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Италијанецот Федерико Македа (28) најверојатно ќе биде нов играч на белградска Црвена Звезда.

Српските медиуми пренесуваат дека „црвено-белите“ за Македа ќе издвојат 2 милиони евра, а останува само да се „испеглаат“ сите формалности од договорот со грчки Панатинаикос.

Македа за екипата каде предводник е Дејан Станковиќ би требало да потпише двегодишен договор со 500.000 евра по сезона плус бонусите кои можат да достигнат и до 300.000 евра. Тоа значи дека српскиот шампион за италијанскиот фудбалер би можел да издвои 1.6 милиони во наредните две сезони.

Македа има понуди и од Саудиска Арабија, но тој сака да остане во Европа. Италијанецот сака преку Звезда да се избори за трансфер во некоја поголема европска екипа.

Минатата сезона за ПАО постигна 12 гола.



Спонзорирани линкови

Маркетинг