Новите снимки од Северна Кореја покажуваат дека Ким го активира целиот арсенал кој го има

Точка

07/08/2020

21:11

3.852

Големина на фонт

а а а

Сателитските снимки од нуклеарните фабрики од Северна Кореја откриле огромен раст на активностите по стравовите дека режимот веќе има можност за поставување на нуклеарни боеви глави на интерконтинентални балистички ракети.

Новите сателитски снимки од хемиските центри во Северна Кореја покажуваат собирање на нуклеарно оружје, што предизвикува глобални стравови. Изгледа дека Ким Јонг Ун во последните месеци ја зголемил нуклеарната енергија на својата земја, покажуваат последните сателитски снимки. Новата снимка доаѓа откако во понеделникот доверлив извештај на ОН открил дека неколку неименувани земји се согласуваат дека Северна Кореја "веројатно развила минијатурни нуклеарни уреди". 

Сателитските снимки од Центарот за стратешки и меѓународни истражувања (CSIS) покажуваат дека и активностите растат во Центарот за концентрирање на ураниум во Пјонгсан.

"Снимките укажуваат на способноста на Северна Кореја да го развива својот програм за нуклеарно оружје", тврдат аналитичарите.

Високиот советник за Кореја во "CSIS", Виктор Ча тврди: "Нашите снимки покажуваат дека Центарот во Пјонгсан е многу активен, а изгледа и дека расте по своите капацитети".

"Во главниот погон, некои од најзначајните активности се кревање и изградба на нови објекти и замена на крововите на целиот објект.

Меѓу најистакнатите активности кои ги забележавме се ширење на рудниците за извлекување на руда која во себе содржи ураниум. Тешко е да се одреди, според овие снимки, колкава количина на нуклеарно оружје има Северна Кореја.

Тоа што го знаеме е дека кога ќе ги погледнеме овие активности, заклучуваме дека во реакторите и натаму се произведува нуклеарно гориво, што само значи дека тие имаат капацитет да го шират своето нуклеарно оружје, а не да се откажат од него", вели Ча.

Доверливиот извештај на Он сугерира дека Северна Кореја веќе има моќ да гаѓа цели во САД со нуклеарно оружје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг