Менхетн во тотален мрак: Нема струја поради силната бура, неверојатни снимки од Њујорк

Точка

07/08/2020

20:13

3.893

Големина на фонт

а а а

Поголем дел од Менхетн останал во мрак поради снемување на струја, додека десетина илјади жители од други делови на Њујорк и натаму се без електрична енергија поради проаѓањето на тропската бура "Исаија".

Портпаролот на електрокомпанијата "Consolidated Edison" изјавил дека без струја рано наутро по локално време останале жителите на Харлем, како и горните и западните делови на источната страна на Менхетн. 

Како што е објавено, погодени се околу 180.000 домаќинства.

Прекинот на снабдувањето со струја траел околу половина час.

И 5.000 домаќинства во Квинс, исто така, останале без струја.

Причината за снемување на струја засега не е позната.

##https://twitter.com/67tiger3/status/1291780883448381440?s=20##



Спонзорирани линкови

Маркетинг