Германија и Франција демонстративно ги напуштиле преговорите за СЗО поради САД

Точка

07/08/2020

19:12

2.012

Големина на фонт

а а а

Германија и Франција ги напуштиле преговорите за реформи во Светската здравствена организација исфрустрирани од обидите на САД да ги води преговорите, иако одлучиле да ја напуштат таа организација, пишува "Reuters".

Нивниот потег е удар за американскиот претседател Доналд Трамп бидејќи Вашингтон, кој моментално претседава со "G7", се надевал дека во септември ќе се објави заеднички план за реформа на СЗО, два месеци пред претседателските избори во САД. 

САД ја известиле СЗО во мај дека ќе ја напуштат за една година откако Трамп ја обвинил дека е премногу блиска со Кина и дека лошо управува со пандемијата на коронавирусот. СЗО ги демантира овие обвиненија.

Европската влада исто така ја критикува Светската здравствена организација, но не оди толку далеку како Вашингтон.

"Никој не сака да биде вовлечен во реформски процес и за тоа да добие нацрт од земја која самата ја напушти СЗО", рекол висок европски службеник кој учествува во преговорите.

На прашањето да ја потврдат одлуката на Париз и Берлин, портпаролите на владата на Германија, Франција, Британија и Италија немале коментар.

Но, француското министерство за здравство соопштило: "САД не смеат да бидат предводници во реформите на WHO, откако објавија дека планираат да ја напуштат таа организација".

На прашањето за гледиштето на Франција и Германија, висок службеник на администрацијата на Трамп рекол: "Сите членки на G7 експлицитно ја поддржаа идејата за реформа на СЗО".

"Меѓутоа, за жалење е дека Германија и Франција на крајот одбраа да не се придружуваат кон групата во прифаќањето на планот", рекол тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг