Драма во Индија: Авион со 191 патник ја промашил пистата, па се преполовил – тројца луѓе загинаа, по 60 се трага...

Точка

07/08/2020

19:28

2.389

Големина на фонт

а а а

Според првичните информации на медиумите, авионот полетал од Дубаи.

Авион од компанијата „Air India Express“ кој што полетал од Дубаи, се срушил на аеродромот Каликат во Индија.

Како што пренесуваат светските медиуми, авионот пренесувал 191 патник.

Според првичните информации, најмалку три лица загинале, а по 60 од нив се трага.

Како што наведуваат локалните медиуми, авионот лошо слетал, а потоа се зализгал на пистата и наводно се преполовил.

„Авионт „Air India Express“ на летот IX 1344 од Дубаи на Каликат ја прелетал пистата во 19:41 часот по локално време.

Во текот на слетувањето не бил забележан оган. Во авионот имало 174 патници, 10 деца, двајца пилоти и пет членови на посадата.

Во тек е акцијата за спасување, а на повредените им се укажува помош“ - стои во објавата на индиската авио компанија.

Се претпоставува дека причина за трагедијата се обилните дождови. 

##https://twitter.com/aviatorpranoy/status/1291758016232972288?s=20##



Спонзорирани линкови

Маркетинг