''Скапо ги чинел'' одморот во Хрватска! Германски матуранти претворија град во жариште: „Ова покажува колку патувањата и забавите се опасни за време на пандемија“

Точка

07/08/2020

18:15

3.381

Големина на фонт

а а а

Германските здравствени власти откриле ново жариште на коронавирусот во дистриктот Гепинген, северно од Штудгарт, а станува збор за матуранти кои што, како што пренесуваат германските медиуми, се заразиле додека биле на одмор во Хрватска.

Германскиот портал „T-online“, пренесува дека коронавирусот е потврден кај околу 10 матуранти, по враќањето од Хрватска каде што биле на одмор.

Матурантите престојувале на островот Паг, а патувањето било организирано од страна на туристичката агенција за ''party'' патувања.

Портпаролот на дистриктот објаснил дека прво биле откриени 9 случаи, а подоцна и 10-от, по што сите се во самоизолација, пренесува загрепскиот портал „Index.hr“.


„Т-online“, наведува дека матурантите првите симптоми ги забележале веднаш по враќањето од одморот.

На одмор биле 15 матуранти, а околу 50 луѓе со кои што биле во контакт изминатиов период се во двонеделен карантин.

Од германскиот медиум додаваат дека има уште заразени кои што се вратиле од другите земји и сојузни држави на Германија.

Шефот на заводот за јавно здравје на дистриктот Гепинген, Хајнц Пехлер, изјавил дека коронавирусот моментално сè  почесто се детектира кај луѓето кои што се враќаат од Балканот.

„Овој случај јасно го покажува ризикот на патувањата и организирањето забави во текот на пандемијата и тоа како вирусот брзо може да се рашири во внатрешноста на една група“ - пренесува „Velt“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг