Почина поранешниот кошаркар на Црвена Ѕвезда

Точка

07/08/2020

17:16

2.934

Големина на фонт

а а а

Страшна вест го погоди српскиот спорт, поточно кошарка - американско-нигерискиот центар Мајкл Оџо (27), починал од инфаркт на индивидуален тренинг, пренесува "Direktno".

Оџо од раскинувањето на договорот со Ѕвезда самостојно тренирал за да ја одржи формата за својот нов клуб, но му се случила страшна судбина. 

Како што дознаваме, Оџо починал во текот на тренингот на атлетската патека на стадионот на Партизан.

Центарот роден во Лагос претходните две сезони играл во Ѕвезда, а сезона претходно играл за ФМП Железник.

Брзо станал омилена фигура во двата белградски клубови, брзо го засакале и навивачите, а фановите на Ѕвезда посебно го паметат по силните, авторитативни и атрактивни потези и забивања.

За жал, Оџо трагично ја завршил својата кариера.

Оџо е роден во Лагос во Нигерија на 5-ти јануари 1993-та година, имал американски пасош, а во текот на кариерата пред Црвена Ѕвезда играл за ФМП, а пред тоа за колеџот Флорида Стејт Семинолс.

Меѓу навивачите на Ѕвезда засекогаш ќе биде запаметен како добар џин, кој не би згазнал ни на мравка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг