Елена Ристеска во центарот на вниманието: Издаде песна посветена на татко ѝ, а спотот го сними дури во Мајами!

Точка

07/08/2020

16:07

6.435

Големина на фонт

а а а

Елена Ристеска музиката ја стави во втор план, па започна нов сопствен бизнис. Имено, како што е познато, Ристеска неодама лансираше машки и женски парфем од својата „ERA“ колекција.

По лансирањето на парфемот, Ристеска започна и со онлајн продажба на истиот.

Меѓутоа, деновиве Елена има посебна причина да биде и горда и среќна. Имено, таа ја објави првата реклама за својот парфем, а истата е снимена во Мајами.

Заедно со рекламата, убавата пејачка и официјално ја означи продажбата на парфемот во светски рамки, односно од денес и официјално ЕРА можете да го нарачате каде и да се наоѓате на земјината топка и тоа онлајн преку нејзината страница.

Во позадина на рекламата оди музика од новата песна на Елена, „The Reason“ која таа ја посвети на нејзиниот починат татко.




Спонзорирани линкови

Маркетинг