Објавени седумте кандидати за најдобар фудбалер во Премиер лигата

Макфакс

07/08/2020

14:31

1.660

Големина на фонт

а а а

Очекуваните кандидати Кевин Де Брујне, Садио Мане, Џордан Хендерсон се фаворити за освојувањето на наградата за најдобар фудбалер во англиската Премиер лига, но никој не очекуваше во ова друштво да биде и голманот на Барнли, Ник Поуп.

Ливерпул доминираат на скратената лиса од седум фудбалери со голгетерот Мане, капитенот Хендерсон и младиот Трент Александер-Арнолд по првата титула по 30 години, додека Кевин де Брујне е единствен од Манчестер сити.

Во изборот е и освојувачот на златната топка во Премиер лигата, Џејми Варди од Лестер, но мали изненадувања се имињата на голманот Поуп и на напаѓачот на Саутемптон, Дени Ингс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг