Нова линија на облека која ќе ги израдува плус-сајз дамите

Точка

09/08/2020

09:15

7.883

Големина на фонт

а а а

Иако модниот свет се движи во нагорна насока во поглед на достапноста, развојот и современоста, можеме да кажеме дека кај нас досега беше малку занемарен делот кој ги засега плус-сајз жените. На наше задоволство, информацијата дека сега има кој да се погрижи за изгледот на плус-сајз дамите и кај нас, значи дека тие повеќе не мора да се облекуваат во компромисни парчиња кои не се стилски.

ФРАН во моментов создава една уникатна приказна компонирана од модни парчиња кои се изработуваат по мерка и ќе бидат прилагодени на секоја жена со облини, која сака да го негува својот стил. Во новата линија на ФРАН нема да бидат застапени броеви „S, M, L, XL“ туку ќе се работат моделите по мерка, бидејќи секоја девојка има различна конституција и во плус-сајз модните линии не фигурираат стандардните величини.

Притоа, ФРАН нуди и можност да се направат парчиња за кои дамите сами ќе можат да одберат модел, боја, дезен и материјали.

„За време на бременоста, никаде не можев да најдам гардероба каква што сакам, па започнав сама да си ја шијам. Поттикната од тоа искуство, сакав да направам парчиња кои ќе бидат соодветни за бремени жени и доилки, како и за дами со облини, бидејќи знам колку е дефицитарен нашиот пазар кога станува збор за облека која им прилега на бремените или покрупни дами. 

Сето ова произлегува од моето долгогодишно искуство како плус-сајз девојка и можам да кажам дека ги знам проблемите со кои се соочуваат жените. Поттикната од темата која и мене лично ме засега, решив да направам нешто за сите дами кои се допрени од недостатоците на нашиот пазар. Кога станува збор за облекувањето, сметам дека знам што е тоа што најдобро ќе им прилега на плус-сајз девојките и како најдобро да се истакнат атрибутите на истите.

Се потрудивме да понудиме разновидност во линијата, со парчиња за секоја возраст - од потрендовски, за помладите генерации, до покласични парчиња кои ќе го задоволат вкусот и потребите на дамите и од повозрасните генерации.

Веќе наредната недела излегуваат нови парчиња од линијата под мотото #allshapesandsizes и тоа во уште поинтересни кроеви, кај кои ќе преовладуваат асиметрични линии“ - вели Фросина.

За крај, ФРАН не ги заборава дамите и кои не се плус-сајз, па така, сите овие модели може да бидат изработени по мерка, во било која големина, боја, материјали за секој облик и големина на женското тело.

Фотографија: Стефан Соколовски
Локација: Хотел Александар Палас



Спонзорирани линкови

Маркетинг