Во Словенија 10 нови случаи на коронавирус

Макфакс

07/08/2020

14:11

1.278

Големина на фонт

а а а

Во Словенија во последните 24 часа се тестирани 753 лица од кои 10 се позитивни на коронавирус, пет помалку од претходниот ден, објави словенечката влада.

Бројот на заразени лица од почетокот на епидемијата се зголеми на 2233. Во последните 24 часа нема нови смртни случаи, така што вкупниот број на смртни случаи како резултат на „Ковид-19“ останува 125. 

Активниот број на случаи во моментов е 181, во болниците има 24 пациенти поради Ковид-19, од кои четири се во одделот за интензивна нега.

Словенечката влада објави дека ја вклучила Белгија на „црвениот“ список на епидемиолошки ризични земји поради влошената епидемиолошка состојба, додека во „жолтиот“ список на најбезбедни земји ги вклучила Малта, Швајцарија и делови од Шпанија.

Белорусија, Алжир, Еквадор и шпанската провинција Валенсија се ставени од црвениот список на жолтиот список.



Спонзорирани линкови

Маркетинг