Јувентус без еден од најважните играчи на натпреварот против Лион

Дерби

07/08/2020

12:45

1.664

Големина на фонт

а а а

Тимот на Јувентус ќе брка негатива на натпреварот против Лион во реванш средбата од осминафиналето од Лигата на шампионите без еден од своите најдобри фудбалери.

Имено, најдобриот играч од Серија А за измиантава сезона има проблеми со мускулот по повредата која ја доби на натпреварот со Сампдорија пред 11 дена.

Аргентинецот веројатно нема да биде во протоколот за средбата, а мали се шансите тој да се најде на клупата за резервни фудбалери.

Јувентус и Лион ќе се соочат во Торино во текот на денешниот ден, а подобриот од овој дуел потоа ќе се упати во Лисабон каде ќе се игра завршницата од најелитното европско натпреварување.

По првиот натпревар во Франција тимот на Лион има предност од 1:0 која и тоа како е достижна за Јувентус кој се уште е во натпреварувачки ритам, за разлика од францускиот клуб кој формата ја брусеше само преку одигрување пријателски средби.



Спонзорирани линкови

Маркетинг