Неколку новинари се пријавија да ја рушат дивоградбата кај Мавровка

Точка

07/08/2020

11:04

6.324

Големина на фонт

а а а

Со оглед на тоа што досега „никој не се пријавил“ да ја руши дивоградбата на објектот кај Мавровка, двајца новинари на социјалните мрежи се огласија и порачаа дека тие се подготвени бесплатно да ја рушат дивоградбата.

Во централното градско подрачје на Скопје, односно пред трговскиот центар Мавровка никна дивоградба. Верувале или не, Општина Чаир "не знае" кој е инвеститорот, никој не знае кој го изградил објектот, а иако инвеститорот досега сам требаше да ја отстрани дивоградбата, тоа секако не се случи.

Општина Чаир во меѓувреме распиша тендер за избор на компанија која треба да ја руши дивоградбата, но за „циркусот“ да биде уште поголем, никој не се пријавил на тендерот, па објектот и натаму стои.

Поради ова, повеќе новинари веќе се пријавија да ја урнат дивоградбата, откако прв на тоа повика уредникот на телевизија „Телма“, Дарко Чекеровски.


Јас се пријавувам за уривање на нелегалниот објект кај Мавровка.

Posted by Darko Chekerovski on Четврток, 06 август 2020

„Јас се пријавувам за уривање на нелегалниот објект кај Мавровка“, напиша Чекеровски на Фејсбук, по што набрзо се пријавија уште неколкумина новинари.

„Затоа што фирма нема да се најде, по примерот на Дарко Чекеровски, и јас се пријавувам доброволно за рушење на дивоградбата кај Мавровка. Не треба дневница, само хилта“, напиша новинарот Огнен Чанчаревиќ.


Затоа што фирма нема да се најде, по примерот на Darko Chekerovski, и јас се пријавувам доброволно за рушење на дивоградбата кај Мавровка. Не треба дневница, само хилта.

Posted by Ognen Cancarevik on Четврток, 06 август 2020

Покрај Чекеровски и Чанчаревиќ, за уривање на дивоградбата кај Мавровка се пријавија и Томислав Кежаровски, Наташа Стојановска, Златко Крстевски и поранешниот претседател на „ЗНМ“, Насер Селмани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг