Венко Филипче во “Само вистина”: “Состојбата со коронавирусот е стабилна и под контрола”

Точка

06/08/2020

20:18

2.498

Големина на фонт

а а а

Министерот за здравство, Венко Филипче, вечерва во емисијата “Само вистина” на Канал 5 говореше за смртоносниот коронавирус и состојбата во нашата земја.

Тој изјави дека вирусот не познава граници во однос на возраста ниту манифестацијата: 

“За жал, видовме многу различни клинички форми, манифестации кои даваат пореметување на белите дробови, крвта, црниот дроб, а сето тоа резултира со голем број смртни случаи. Тоа укажува дека овој вирус не познава граници во однос на возраста, манифестацијата, начинот, правилата, едноставно причинител каков што досега во светот на медицината не бил познат”.

“Клиничката манифестација предизвикува голем број смртни случаи и кај голем процент кај лица кои немаат хронични болести, а тоа укажува дека не знаеме сè за вирусот како причинител”, додаде Филипче.

Огромен дел од предвидувањата за коронавирусот не се оствариле, потенцираше Филипче, но не само кај нас туку и во било која земја во Европа и во светот.

„Само Вистина“ 6.8.2020

„Само Вистина“ со Венко Филипче

Posted by Канал 5 Телевизија on Thursday, August 6, 2020

“Не се исполнија очекувањата за однесувањето на вирусот согласно карактеристиките кои се предвидуваа. Очекувањата беа дека со раст на температурите вирусот ќе слабее но не е така, а за пример може да се земе Бразил каде темепературите постојано се високи, но има голем број на новозаразени”, посочи тој.

Министерот истакна дека граѓаните мора да ги почитуваат мерките за да го заштитат сопственото и јавното здравје.

“МВР во изминатиот период можеше да биде поинтензивно на терен и граѓаните да станат свесни дека има институција која се грижи. Но, мора и граѓаните да се свесни дека мерките мора да се почитуваат за да го заштитат сопственото здравје. Никој нема да биде крив, ако некој не се грижи за своето здравје”, истакна Филипче.

Филипче потенцираше дека состојбата со коронавирусот кај нас е стабилна и ситуацијата е под контрола.

„Во континуитет гледајќи ги неделните анализи бројот на новозаразени се намалува, а тоа се должи на сериозното зголемување на направените тестови и откривањето на асимптоматските пациенти кои се многу битни за спречување на понатамошното ширење на вирусот. Точно знаеме кој пациент од каде е заразен и моментално имаме неколку мини кластери“, соопшти министерот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг