Дури 31 процент од Австријците веруваат во теории на заговор во врска со коронавирусот, покажува истражувањето на институтот "Маркет".
Тие веруваат дека нешто сосема друго стои зад мерките против коронавирусот.
Покрај тој број, 27 проценти од нив не се сигурни во што да веруваат, а 41 процент од нив се сомневаат во позадината на мерките и мислат дека не се на место.
Во очи влегува и тоа дека најподложни на теориите на заговор се младите луѓе, како и поддржувачите на опозициските партии, пред се десничарската Слободарска партија, но и граѓанските опции како што се Неос и Социјалдемократската партија.
Што се однесува до последиците од пандемијата, оние кои веруваат во теориите на заговори се попесимистични од останатите, па сметаат дека здравствените и економските последици се тешки.