Путин не игра како што свири Западот: Славниот новинар објаснил како настанала сликата за "суровата Русија"

Точка

06/08/2020

19:25

4.072

Големина на фонт

а а а

На Западот е создадена претстава за Русија како опасна, сурова земја на која не смее да и се верува. Таквиот однос настанал поради тоа што Москва не сака да "игра како што тие свират" оценил рускиот новинар Владимир Познер.

"Стереотипите во односот кон Русија и Русите постојат одамна, без разлика на било каква идеологија. Каков е Русинот во очите на луѓето од Западот: тој пие, тој е страшна, небричена појава, по улиците на руските градови шетаат мечки и така натаму. Колку и да е чудно, таквите стереотипи постојат и денес, без разлика што значителен број на луѓе престојувале во Русија и знаат дека не е така", вели овој познат телевизиски новинар одговарајќи на прашањето колку на Западот објективно и адекватно се доживува имиџот на Русија.


Според неговото мислење, денес односот кон Русија е полош отколку во пикот на Студената војна.

Тогаш, како што вели, на дело била идеолошка борба, борба на идеите.


"Од едната страна социјал-комунизам, од другата слобода-капитализам, и тие две точки на гледишта се судираа. Денес не постојат идеологии, поточно, постои една идеологија, бидејќи и Русија, на крајот на краиштата, е капиталистичка држава, а никако социјалистичка. Да, подив капитализам, но сепак капитализам", смета Познер, пренесува порталот "Взглјад". 

Но, поради тоа што "руското раководство олицетворено во претседателот Владимир Путин не сака да игра по правилата на кои инсистираат САД, односот кој Русија е драстично променет. Односно, се промени односот кон Путин и тој стана симбол на Русија: Русија е Путин и Путин е Русија", објаснува Познер.

"И тоа е резултат на неприфаќањето, грубо кажано, да игра како што другите свират", истакнува тој.

Тоа не смее да се нарече мит, нагласува тој. Тоа е слика која настанува од тоа што го зборуваат политичарите и тоа што се прикажува на телевизија и се пишува во весниците, заклучува Познер.

Познер е роден во Париз од семејство кое емигрирало од Русија во 1922-ра година. Живеел и се образувал во Америка, а подоцна дел од својата новинарска кариера остварил на каналот "CNBC".




Спонзорирани линкови

Маркетинг