Прекрасни хаски – 5 занимливости за една од најпопуларните раси на светот

Точка

06/08/2020

16:40

5.974

Големина на фонт

а а а

Сибирската хаска е лојално и атлетско куче со прекрасни сини или повеќебојни очи. Ова е куче со голема издржливост кое е спремно за работа во чопори за влечење на товар.

За хаската се верува дека потекнува од племето Чукчи, сибирски номади кои ги користеле овие кучиња примарно за транспортна цел. Хаските биле доведени на Алјаска во 1908 година и се користеле како кучиња за влечење на санки и за натпреварување во долги трки. 

Веќе со години сибирската хаска е многу популарно куче помеѓу одгледувачите. Главната причина за популарноста лежи во неговата прекрасна појава. Многу сопственици прават грешка, сметајќи дека хаските се како другите кучиња. Тоа е далеку од вистината бидејќи хаските имаат посебен карактер. Тие се тврдоглави и тешко е да се научат да бидат послушни, но тоа не значи дека не се интелигентни – хаските имаат слободен дух и се многу внимателни и толерантни.

Во продолжение ви претставуваме неколку занимливости за оваа прекрасна раса:

1. Се смета дека името “хаска” е поврзано со прекарот за Ескимите – “Esky” кој подоцна станал прекар за нивните кучиња.

2. Хаските се големи уметници за бегање и дури и ако навистина се грижите за нив, тие можат лесно да избегаат.

3. Иако многумина сметаат дека хаската е куче кое не поднесува високи температури, тоа баш и не е точно. Хаската е куче кое добро го издржува секое годишно време бидејќи неговото крзно е добар изолатор против студот, но и против жештината. Неговото густо крзно се менува неколку пати годишно, така што практично можете да ги полните перниците со нивните влакна бидејќи хаската е единственото куче кое има лековито крзно, без кучешки мирис и истото делува антиалергенски и антиревматски.

4. Особено се познати по своите очи. Тие можат да имаат очи во иста боја, но можат да имаат и на пример едно сино и едно кафеаво око.

5. На хаските им треба многу мала количина на храна за да преживеат поради нивниот одличен метаболизам и поради тоа што нивните предци биле навикнати да поминуваат многу километри со малку храна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг