Фабрицио Романо со ексклузивна вест за Тер Штеген: Германецот пуштил рака со…

Дерби

06/08/2020

14:37

2.592

Големина на фонт

а а а

Еден од најдобрите новинари кои се занимаваат со трансфер активностите, Фабрицио Романо пренесе една вест поврзана со каталонскиот гигант, Барселона.

Романо посочи дека е договорено продолжување на соработката со првиот чувар на мрежата, Марк Андре Тер Штеген.

Тер Штеген се согласил да остане на „Камп Ноу“ до 2025 година и наскоро треба да биде објавено дека тој ќе го продолжи договорот.

– Марк Андре тер Штеген се согласи на нов договор со Барселона. Тој ќе остане до јуни 2025 година и тоа е потврдено од претседателот Бартомеу, - напиша Романо.

Потоа искусниот новинар се надоврза на шпекулациите кои го поврзуваа Франциско Тринкао со премин во Лестер, кој би можел да се случи но само под еден услов.

– Лестер е отворен да го донесе Тринкао на позајмица со можност да го купи, но без обврска да го стори тоа. Барселона не сака да го продаде, - дополни Романо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг