Душко Ристовски, Македонец во Бејрут: Еве кога тој сфатил дека не станува збор за земјотрес

Точка

06/08/2020

18:13

5.877

Големина на фонт

а а а

Неофицијално, во Бејрут живеат двајца Македонци, а Душко е еден од нив. Станот на неговото семејство е оддалечено на само 2 километри од пристаништето каде се случила катастрофалната експлозија.

Големиот страв за себе и семејството, проследен од нагонот за преживување биле првите чувства со кои се соочил Душко Ристовски, еден од двајцата Македонци кои живеат во Бејрут, во првите моменти од експлозијата на пристаништето која пред два дена го потресе светот, а во која загинаа најмалку 135 лица.  

Сите прозорци во неговиот стан биле скршени, па дури и оние со метална мрежа.

"Беше 18:15 часот. Се подготвував да излезам. Наеднаш се случи гласна експлозија и потрес, сличен на земјотрес. Ги собрав децата и ги одвлеков да стојат под вратата, каде мислев дека е најбезбедно. Во тој момент само цврсто ги прегрнав. Не знаев што друго да правам. за десет секунди повторно се слушна силна експлозија, можеби пет пати погласна од претходната. Тогаш сите прозорци во станот пукнаа. Насекаде имаше стакло. Замислете, пукнаа прозорци со метална мрежа. Тогаш сфатив дека не е земјотрес", рекол Душко за "Fakulteti.mk".

Целосното интервју можете да го прочитате тука.



Спонзорирани линкови

Маркетинг