Експлозијата во Бејрут направила кратер со дијаметар од 124 метри

Точка

06/08/2020

14:21

3.751

Големина на фонт

а а а

Во вторникот во бејрутското пристаниште дошло до катастрофална експлозија во која загинале најмалку 135 лица според досега достапните информации.

Околу 5.000 луѓе се повредени, а повеќе од 300.000 луѓе ги загубиле своите домови. 

Стотина се исчезнати и постои страв од тоа дека бројот на починати ќе продолжи да расте.

Властите во Бејрут прогласиле двонеделна вонредна состојба, пренесува "Index".

Како што јавува "CNN", дијаметарот на кратерот во Бејрут, кој го направила силната експлозија, е околу 124 метри.

"CNN" оваа информација ја објавил на основа на анализите од сателитските снимки.

Тоа значи дека кратерот е поголем од фудбалско игралиште. "CNN" додава и дека нивната проценка може да варира 10 метри повеќе или помалку.




Спонзорирани линкови

Маркетинг