Бил Гејтс со ново предупредување: „Во иднина ова нешто ќе стане пет пати посмртоносно од Ковид-19“

Точка

06/08/2020

21:32

12.438

Големина на фонт

а а а

На својот блог Гејтс предупредил на опасностите од климатските промени поради кои што луѓето би биле жртви, а финансиските проблеми во иднината би можеле да бидат многу поголеми од оние кои што ги предизвика коронавирусот.

Бил Гејтс со години предупредува на потенцијалните опасности од смртоносниот вирус кој што може да одземе милиони животи.

Поголемиот дел од луѓето на тоа негово предупредување само одмавнуваат со рацете, сметајќи дека такви ''филмски сценарија'' невозможно е да се случат.

Ситуацијата со коронавирусот покажа дека Гејтс, за жал бил во право, па така додека некои од луѓето ги слушаат неговите совети за начинот на борба против невидливиот непријател, поборниците на теориите на заговор на тоа гледаат како начин на Гејтс да ги чипува луѓето.

На својот блог, оваа седмица Гејтс предупреди на уште една голема опасност која што со текот на времето би можела да стане посмртоносна и поопасна од коронавирусот.


Станува збор за актуелна тема во последниве години - климатските промени.

До тој заклучок Гејтс дошол врз основа на смртноста од коронавирусот која што, како што напишал на својот блог, изнесува 14 луѓе на 100.000 луѓе.

„Поради порастот на температурите на планетата во текот на следните 40 години се очекува ист пораст на смртноста.

До крајот на веков тие бројки ќе се зголемуваат и понатаму смртноста ќе изнесува 73-ца луѓе на 100.000.

Но, доколку емисијата на стакленичките гасови се намали, се очекува смртноста да биде 10 луѓе на 100.000.

До 2060-та година климатските промени можеби ќе станат смртоносни како и Ковид-19, а до 2100-та година пет пати посмртоносни“ - напишал Гејтс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг