Се урна понтонски мост при воена вежба во Русија, повредени 18 лица

Макфакс

05/08/2020

13:18

1.170

Големина на фонт

а а а

Најмалку 18 лица се повредени за време на воената вежба кога се урнал понтонски мост во Еврејскиот автономен регион во Русија, соопштија локалните власти.

„Во населбата Талман, во округот Смидовически, за време на вежбата се урнаа делови од мостот, при што се повредени 18 лица“, изјави извор од Службата за итни случаи за ТАСС.

Тој додава дека сите повредени се пренесени во воената болница Хабаровск. Причината за урнувањето на мостот се истражува.



Спонзорирани линкови

Маркетинг