Моментот на експлозијата: Свештеник побегна во паника, стакло му се сруши врз главата...

Точка

05/08/2020

12:27

2.935

Големина на фонт

а а а

Во либанската престолнина Бејрут вчера се случи колосална експлозија која зад себе остави катастрофални последици и однесе стотина животи.

Според последните информации, над 100 лица го загубија животот, додека повеќе од 4 илјади се повредени. Дел од градот е целосно разурнат, спасувачките екипи трагаат по преживеани во урнатините, болниците се преполни, а пациенти се примаат и во неколку хотели.

Причина за така големата експлозија се над 2,700 тони амониум нитрат кои биле складирани во магацин на пристаништето, без некакви посебни безбедносни прописи.

Снимки и фотографии од разрушениот град го обиколија целиот свет, а на социјалните мрежи кружи и видео кое е направено во текот на миса во христијанска црква во моментот на експлозијата.

Најпрвин се започна да се тресе, па снема електрична енергија. Во тие моменти започна да се руши и покривот, а додека панично бегаше, врз свештеникот падна и парче стакло.



Спонзорирани линкови

Маркетинг