Точка ТВ: Запознајте ги најопасните суштества чиј дом се морските длабочини

Точка

05/08/2020

13:05

3.364

Големина на фонт

а а а

Ние луѓето без сомнеж сме господари на тлото, ''наоружани'' со интелигенција и технологија, врвни предатори сме на копнениот свет. Меѓутоа, во водите ''царуваат'' животните, а може да кажеме дека некои од нив се многу опасни.

1. Медуза

Иако не постојат прецизни податоци, се проценува дека во блиска средба со некој вид од ова животно, секоја година умираат над 100 луѓе.

Најопасниот вид, од кои што некои го имаат и најмоќниот отров на светот во себе, воглавно живее во тропските мориња на Индо-Пацификот.

Еден од најпознатиот вид медуза - Pelagia noctiluca, може да порасне до 12 центиметри има бело-жолта, розовкаста боја, поради што тешко е воочлив - неа ја има и во Јадранското море.

2. Морско куче

Морските кучиња вообичаено се доживуваат како незаситни морски суштества. Меѓутоа луѓето докажано ги напаѓаат само 4 вида од нив.

Просечно, на годишно ниво се случуваат околу 60-на напади, а смртоносните се ретки.

Рекордот го држи Marin Country во Калифорнија. На Јадранот последниот смртоносен напад од морско куче бил забележан во текот на 70-те години.

Најопасниот вид на морско куче е т.н. тигресто морско куче кое што живее во потоплите тропски мориња.

3. Мурина

Мурина е примитивна риба со змијовидно тело. Можат да бидат долги и до 2 и пол метри, имаат моќен загриз кој што не е отровен, меѓутоа раните кои што ги нанесуваат можат да бидат многу болни и истите тешко заздравуваат поради тоа што овие риби во својата уста имаат многу бактерии.

Овие риби во текот на денот се кријат во дупките на морското дно од кое што не бегаат туку агресивно се бранат - ловат во текот на ноќта.


4. Шкарпина

Црвенкаста риба која што има поголема глава во однос на своето тело кое што е преполно со боцки.

Овие риби можат да пораснат до 70-на цантиметри, а можат да тежат до 5 килограми.

Тие за свој дом го бираат карпестото дно, до 100 метри длабочина. Убодот од отровните боцки не е смртоносен, но предизвикува силна болка, црвенило и оток.

Отровот ѝ се наоѓа во грбните перки...

5. Ража

Ражите ретко ги напаѓаат луѓето, а нивните убоди воглавно не се опасни по живот, меѓутоа смртта на „ловецот на крокодили“, Стив Ирвин во 2006-та година докажува дека сепак со нив треба да бидеме внимателни.

Најпознатиот вид ража на Јадранот е Myliobatis aquila, истиот расте до 183 цантиметри и тежи до 15 килограми.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk