75 години од атомскиот напад врз Хирошима и Нагасаки

Макфакс

05/08/2020

12:08

286

Големина на фонт

а а а

Утре Јапонија ја одбележува 75-годишнината од американскиот нуклеарен напад врз Хирошима, што беше првиот ваков напад во историјата на човештвото.

Од 6 август 1945 година, кога САД фрлија атомска бомба врз јапонскиот град, што го забрза крајот на Втората светска војна, до крајот на таа година, во експлозијата и од повреди и болести предизвикани од зрачење, починаа околу 140.000 луѓе.

Во следните години, па сè до денес, многумина од преживеаните починале од леукемија и други болести предизвикани од зрачење, но никој не може со сигурност да го каже точниот број на жртвите на бомбардирањето.

Последните преживеани продолжуваат да го оживуваат сеќавањето за нападот врз Хирошима и три дена подоцна на Нагасаки, и да го пренесуваат на идните генерации. Јапонските власти објавија дека има околу 135.700 преживеани, а нивната просечна старост е 83 години, објави агенцијата „Франс прес“.

Од тој напад, ниту еден американски претседател не ја посети Хирошима сè до 2016 година, кога тогашниот американски претседател Барак Обама положи венец во спомен-паркот во тој јапонски град.

Според некои проценки, повеќе од 220.000 луѓе загинале во нападите врз Хирошима и Нагасаки.

Секоја година, 10 милиони оригами во форма на жерав се испраќаат во Хирошима, птици кои се симбол на долговечноста и бесмртноста во Јапонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг