Солскјер се соочува со проблем: Фудбалерот кој го сметаат за иднина порача - Или прв избор, или заминувам

Дерби

05/08/2020

11:47

2.012

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер се соочи со неочекуван проблем пред крајот на оваа сезона.

Во моментите кога на големо се размислува и за новата сезона, младиот голман на „ѓаволите“, Дин Хендерсон наводно му порачал на тренерот дека сака да биде прв избор на голот на „Олд Трафорд“.

Во Манчестер Јунајтед подготвуваат нов договор за играчот кој тешко дека би го прифатил доколку не добие цврсти гаранции дека ќе биде прв избор во Манчестер Јунајтед.

Ваквите најави ги пренесува медиумот „Сан“ кој уште пишува дека Челси будно ја следи ситуацијата со голманот.

Се уште останува отворена опцијата тој да го продолжи договорот и барем уште една сезона да оди на позајмица во друг клуб, па од наредната да биде прв избор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг