Пристигнува петтата и последна сезона од серијата која за една недела ја погледнаа 34 милиони луѓе

Точка

05/08/2020

11:06

4.045

Големина на фонт

а а а

Популарната серија “La Casa de Papel”, на англиски преведена како “Money Heist”, ќе го добие своето петто продолжение, а таа сезона воедно ќе биде и последна.

Веста на својот Твитер профил ја потврди и Нетфликс, кој покрај фотографијата од скршена маска на Салвадор Дали, каква што во серијата носат главните ликови, порачал дека на “грабежот му доаѓа крајот”. 

Поради пандемијата на коронавирусот, снимањето на петтата сезона било одложено, но креаторот на серијата Алекс Пина потврдил за “EW” дека повторно почнале со снимање. Иако од продукцијата претходно тврдеа дека серијата ќе има барем уште две продолженија, се чини дека тие го промениле своето мислење.

“Една година размислувавме како да ја раздвоиме бандата и каков крај ќе му дадеме на Професорот. Ова ќе биде највозбудливата сезона досега”, изјавил Пина.

“La Casa de Papel” стана голем хит за време на карантинот и речиси не постои личност која не слушнала за неа. За само една недела, серијата достигна бројка од 34 милиони гледачи и стана една од најгледаните серии. Првата сезона се појави уште во 2017 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг