Невеста позираше после венчавката во Бејрут кога сè се затресе: Остана само чад и прашина...

Точка

05/08/2020

09:45

3.664

Големина на фонт

а а а

Од престолнината на Либан непрекинато пристигнуваат морничави снимки и фотографии после експлозијата која го потресе Бејрут. На една снимка може да се види како несреќата прекина и фотосесија на невеста, по што сите останаа во шок и трчаа да „спасат глава“.

Имено, на снимката може да се види како младата невеста се фотографира после венчавката, на лицето има широка насмевка, а во позадина се слуша музика.

Одеднаш се слуша страшен тресок, камерата накратко се врти и потоа може да се види како сè наоколу е разрушено, а луѓето бегаат и бараат засолниште.

Да потсетиме, силната експлозија вчера го потресе Бејрут, а детонацијата беше силна како земјотрес со јачина од 3,5 степени. Се претпоставува дека причина за експлозијата е натриум нитрат кој со години бил небезбедно складиран на пристаништето.

Според последните информации, во експлозијата загинаа најмалку 100 лица, додека над 4 илјади се повредени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг