Торнада и поплави во САД: Загинаа најмалку шест лица

Точка

05/08/2020

09:25

1.565

Големина на фонт

а а а

Тропската бура „Исаја“ го зафати источниот брег на САД каде што предизвика торнада и прекин на електричната енергија, а животот го загубија и неколку лица.

Најмалку две лица загинаа откако торнадо погоди населба во Северна Каролина, а американските власти соопштија дека уште две лица загинале во Њујорк и Мериленд откако дрвја се срушиле врз нивните автомобили. Настрадало уште едно лице во Пенсилванија откако неговото возило се превртило во надојдена вода.

Националната Метеоролошка служба потврди дека имало торнада во Вирџинија, Мериленд, Делавер и Њу Џерси.


И натаму постои сериозна опасност бурата да предизвика уште поголеми поплави, додека веќе 1,4 милиони луѓе од Северна Каролина до Њујорк останаа без електрична енергија.


Бурата донесе ветрови со брзина од над 100 километри на час, а се движи со брзина од 56 километри на час.



Спонзорирани линкови

Маркетинг