Страшна несреќа на патот Кичево-Охрид: 50-годишен маж е во кома

Точка

04/08/2020

20:15

4.288

Големина на фонт

а а а

Сообраќајна несреќа се случила по 13 часот на магистралата Охрид-Кичево, кај селото Сливово.

Според неофицијални информации на Centar.mk возило марка опел со кичевски таблички и камион со велешки таблички се судриле.

При судирот со тешки повреди завршил возачот на автомобилот. Мажот на возраст од 50 години во болница бил примен во кома и бил итно префрлен на интезивна нега.

Повеќе детали се очекуваат од МВР за утре.






Спонзорирани линкови

Маркетинг