Како да паднала атомска бомба! Вака изгледа Бејрут после катастрофалните експлозии! Цел град е во рушевини, болниците преполни

Точка

04/08/2020

20:02

12.441

Големина на фонт

а а а

Главниот град на Либан, Бејрут, го погодиле две силни експлозии, а најмалку 10 лица загинале.

Страшните експлозии може да се видат на многуте фотографии и снимки. Наводно експлодирал брод полн со пиротехника.



Оштетени се многу згради и куќи, вклучувајќи амбасади, зградата на Владата, како и резиденцијата на премиерот Саад ал Харири.


Експлозиите се почувствувале и на 10 километри оддалеченост. Првата експлозија била помала, а потоа следувала детонација на втората, многу посилна, по што во воздухот се појавил облак со чад во форма на печурка.

Се верува дека многу луѓе се затрупани во рушевините.

Експлозијата се случила за време на најлошата економска и финансиска криза во Либан во последните неколку децении и во време на засилени тензии помеѓу Израел и либанскиот екстремист Хезболах долж јужната граница на Либан.





Спонзорирани линкови

Маркетинг